Најголемата нуклеарна централа во Европа под контрола на руската војска
Пожарот во нуклеарката Запорожје е изгаснат. Најголемата нуклеарна централа во Европа под контрола на руската војска. Украинскиот претседател Зеленски ја обвини Русија за нуклеарен тероризам. Украинскиот министер за енергија Херман Халунченко побара вклучување на НАТО. Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека според наводи на украинската влада, во близина на нуклеарната централа не е измерена зголемена радиоактивност...

Изгаснат е пожарот во нуклеарната централа Запорожје. Огнот избувна по серијата руски гранатирања во близина на централата. Областа е под контрола на руската армија, јавуваат украинските медиуми. Огнот избувнал во управната зграда, но бил локализиран во текот на ноќта. Од меѓународната агенција за атомска енергија предупредување од опасноста да се предизвика хуманитарна катастрофа. Не е забележано промена во нивото на радиоактивноста, соопштуваат од украинскиот регулатор. Украинскиот претседател Зеленски ја обвини Русија за нуклеарен тероризам.
„Ниту една држава досега, освен Русија никогаш не пукала врз нуклеарни единици. Ова е прв пат во нашата историја. Во историјата на човештвото. Терористичката држава сега прибегна кон нуклеарен терор. Се сеќавате дека руските пропагандисти се заканија дека ќе го покријат светот со нуклеарна пепел. Сега тоа не е закана, сега е реалност“ изјави Володимир Зеленски.
Жестоки борби се водат и во други украински градови. Силни експлозии одекна во Чернихив. Од украинската служба за вонредни состојби јавуваат за гранатирани станбени згради, а погодено е и складиште на нафта. Се јавува за десетици загинати цивили. Борби сè уште се водат и во Мариопул. Се бројат жртвите и ранетите во Харков, а градот Харсон веќе е под контрола на руската војска.
„Ова е ужасно, ништо не остана, Ова е незамисливо, погледнете го ова, и другата зграда е погодена“, вели Чернихив.
И додека руската армија се приближува кон неколку поголеми украински градови, се повеќе се зголемува притисокот и кон Киев. Состојбата е комплицирана, бидејќи се намалуваат залихите со храна. Редици пред неколкуте отворени продавници во градот.
„Загрижени сме поради војната, поради недостигот на храна, поради нуклеарната закана, тоа е град под опсада“.
„Немаме месо, како што гледате, празно е, немаме јајца, немаме свежо млеко. Немаме свежи производи. Јас не заминувам. Моите родители се тука. Јас не заминувам“.
Во големите руски градови не стивнуваат анти-воените демонстрации. Десетици приведени во Москва и Санкт Петерсбург на собирите со кои граѓаните бараа ставање крај на руската воена инвазија врз Украина.
Маја Стојанова
