Во Струга премиера на документарецот за Хозе Емилио Пачеко во продукција на МРТ
04.04.2014 11:49
Филмот е во продукција на Македонската телевизија, а е со сценарио и режија на Диме Рајтакоски...

Во Спомен-домот „Браќа Миладиновци“ во Струга вечерва во 20 часот премиерно ќе биде прикажан документарниот филм посветен на мексиканскиот поет Хозе Емилио Пачеко, минатогодишен добитник на наградта „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.
Сценариото и режијата на филмот се на Диме Ратајкоски, а монтажата е на Ирена Белул. Филмот е во продукција на Македонската телевизија.
Хосе Емилио Пачеко е еден од највлијателните современи автори од шпанското говорно подрачје. Според неговата биографија, тој е роден во Мексико Сити во 1939 година. Предавал книжевност на многу универзитети во Јужна Америка, САД и Канада. Бил член на Мексиканската академија на јазиците. За своето исклучително поетско творештво многукратно е наградуван, а лауреат е и на големата награда „Сервантес“.
Почина во јануари годинава на 74 годишна возраст.
