Македонија

Пред бензинските гужва за гориво, од Владата смируваат

04.03.2022 10:01

Вработените кои не сакаа да зборуваат пред камерата на МТВ, велат дека редиците се создале поради информациите дека ќе има зголемување и недостаток на нафтени деривати. Не сакаа да говорат и оние што чекаа да наточат гориво.

Синоќа на бензинските пумпи низ државава колони возила кои чекаа на ред да наполнат гориво. Вработените кои не сакаа да зборуваат пред камерата на МТВ, велат дека редиците се создале поради информациите дека ќе има зголемување и недостаток на нафтени деривати. Не сакаа да говорат и оние што чекаа да наточат гориво.

Од Министерството за економија смируваат- нема криза за снабдување со нафта и нафтени деривати. Има доволно резерви кај трговците со деривати и во државните стокови резерви и да не се прави паника кај граѓаните дека ќе има рестрикции.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека вештачки се нарушува пазарот и се прекршуваат основните принципи за сигурност во снабдувањето со енергија.

По информациите дека некои бензински ја ограничиле продажбата до 500 денари, инспекторите на терен.