Вонреден состанок Северноатлантскиот совет на НАТО за Украина
Македонија ја претставува шефот на дипломатијата Османи. Се дискутира за актуелните безбедносни состојби во Украина по руската воена инвазија, како и пошироките импликации врз евроатлантската безбедност.

Во Брисел вонреден состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи. Македонија ја претставува шефот на дипломатијата Османи.
Се дискутира за актуелните безбедносни состојби во Украина по руската воена инвазија, како и пошироките импликации врз евроатлантската безбедност.
Дополнително ќе стане збор за мерките и активностите што Алијансата ги презема за заштита на територијата и гарантирањето на безбедноста на сите земјите членки на НАТО, како и поддршката за Украина.
На маргините на состанокот, Османи ќе оствари неколку билатерални средби со негови колеги од земји- членки на алијансата и партнери.
