Политика

Џафери во посета на Косово

04.03.2022 10:11

Теми на дијалогот меѓупарламентарната соработка, состојбата во регионот, но и можното влијание на руско- украинскиот воен конфликт.

Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери во посета на Косово. Во приштина на средба со неговиот домаќин Глаук Коњуфца.

Теми на дијалогот меѓупарламентарната соработка, состојбата во регионот, но и можното влијание на руско- украинскиот воен конфликт.

Се очекува двајцата претседатели на парламентите да разменат мислења и за иницијативата „Отворен Балкан“.

Официјална Приштина не ја поддржува, а Џафери смета дека Македонија, Србија и Албанија треба да ја преиспитаат иницијативата.

Со последните изјави од српските лидери и новонастаната ситуација со руската агресија, Џафери вели дека ситуацијата е променета.