Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Власта иако знаела за војната, не набавила ниту пченица, ниту гориво на време

04.03.2022 10:16

Владата и Стево Пендаровски знаеле уште на 8-ми ноември дека ќе има војна во Украина со Русија и не преземале ништо за да ја подготват државата со зголемено ниво на стокови резерви и план при криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ...

Власта иако знаеле за војната не набавила ниту пченица, ниту гориво на време, затоа сега ќе има редици пред маркетите и бензинските, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата и Стево Пендаровски знаеле уште на 8-ми ноември дека ќе има војна во Украина со Русија и не преземале ништо за да ја подготват државата со зголемено ниво на стокови резерви и план при криза. Во изминативе неколку дена слушнавме три изјави на високи државни функционери дека стоковите резерви се полни, па ако не се да се наполнат, па пак дека се полни, за на крај претседателот на Република Србија да каже дека дава 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка за Македонија“, стои во соопштението.

Од опозициската партија прашуваат што правеле владата и Пендаровски и зошто не преземале ништо за полнење на државните резерви.