Градина од соништата - Вистерија

04.04.2014 11:52

Татковината на ова раскошно дрво познато и по иметo Глиценија се Јапонија и Кина.

Татковината на ова раскошно дрво познато и по иметo Глиценија се Јапонија и Кина.

 
Глицин или Вистерија - „Wisteria“ е од семејството на гравовите (Fabaceae-поранешното Leguminoseae) растение.
 
Наречена е во чест на професорот по анатомија на Пенсилванскиот Американски Универзитет Каспар Вистер - „Caspar Wistar“ (1761-1818).
 
Стеблата му достигнуваат должина од 10 метри.
 
Цвета во мај - јуни, во форма на грозје со најчесто бела или виолетова боја.
 
Достигнува должина до 30 см. Издржува високи температури во текот на летото, како и заладување и суши. Не преполeваjте! Добро е лисјата да се прскаат во текот на летото и да се храни во периодот на цветање, еднаш во неделата.
Пресадувањето може да се одвива на неколку години, доколку ја чуваме во саксија. Вистеријата се развива најмногу - добро на сонце или полусенка. Бара богата, добро отцедена се почва.
Во текот на зимата температурата во просторијата во која го чуваме, не треба да паѓа под 6 степени. Во пролетта се изнезува надвор.
Се размножува со семе или стеблени резници, на почетокот на пролетта. Одлична е за уредување на летниковци, огради, балкони.