Случај „Монструм“

Една декада од масакарот, без судски епилог

04.03.2022 11:37

Процесот е во жалбена постапка пред Апелацискиот суд...

Семејствата на жртвите од петкратното убиство кај Смилковското езеро десет години чекаат правда. Идниот месец точно една декада од масакарот – но судски епилог нема. Процесот е во жалбена постапка пред Апелацискиот суд. Рочиштето се одложи поради болест на адвокатот Рауфи и лоша координација меѓу судот и затворот од каде не беше во судница спроведен еден од обвинетите.

Кривичниот суд пред повеќе од една година донесе пресуда со која на тројца им изрече доживотна затворска казна за дело тероризам. За помагање двајца од обвинетите добија 15 односно 9 години зад решетки. Еден пак беше ослободен од обвинение.

Ново рочиште е закажано за 18-ти март кога Апелацискиот суд по втор пат ќе одлучува. Претходно, Врховниот ја укина пресудата и го врати процесот од почеток. Групата е обвинета за тероризам и за помагање. Во убиството кај Смилковското езеро загинаа 4 момчиња на возраст од 18 до 21 година и еден средовечен рибар.

Анита Д. Велковска