Македонија

Камион удри во новата патарина кај Штип, предизвикана голема материјална штета

04.03.2022 13:46

Се работи за камион со штипски регистарски таблички управуван од 53 годишен жител на Штип, кој не е повреден.

Камион кој утринава удри во наплатните станици во изградба на патарината кај село Кадрифаково на автопатот Штип- Миладиновци, целосно ја уништи опремата во наплатните станици. Се работи за камион со штипски регистарски таблички управуван од 53 годишен жител на Штип, кој не е повреден.

Според информации од Јавното претпријатие за државни патишта, во незгодата е предизвикана голема материјална штета и извесно е дека ќе биде пролонгирано пуштањето во употеба на патарината, која беше планирана за почетокот на април.