Намален бројот на работници во индустријата
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, бележи опаѓање од 2,7 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 2,5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,3 %.

Бројот на работниците во индустријата во јануари годинава, во однос на јануари 2021-ва година, е намален за 2,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, бележи опаѓање од 2,7 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 2,5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,3 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5,1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,1 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1 %, Капитални производи за 1,9 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,1 %.
