Доделени клучевите на 11 социјални станови во Струмица
Со години живеење под кирија во супстандардни услови, од денес 11 станари од Струмица добија сопствен кров над глава…

Илија и Стојна се двајца од 11-те корисници на социјални станови во Струмица. Солзите радосници и бескрајната радост не ги криеја пред објективот. Велат дека сонот за сопствен дом им станал реалност.
Од Акционерското друштво за стопанисување на станбен и деловен простор во Струмица, кои имаа единствена задача да ги поделат клучевите, велат дека становите заминаа во вистински раце, на луѓе кои решавањето на станбеното прашање им е од клучно значење.
Во социјалната зграда останаа нераспределени уште 26 станбени единици, но за распределба на истите ќе одлучува Комисијата за станбени прашања при владата.
Досега имаше три огласи за распределба на социјални станови во Струмица кои се наменети за корисници на социјална помош, деца без родители, самохрани мајки и лица погодени од елементарни непогоди.
Стојне Митева
