Здравство

Ординациите на приватните лекари празни, пациентите го почитуваат протестот

04.03.2022 14:40

Приватните доктори денес го реализираа нивниот протест. Амбулантите беа празни, докторите бараат нов режим на препишување на лекови и повисока капитација...

Докторите од приватното здравство, матичните и докторите специјалисти од секундарното здравство, денес протестираат. Не работеа со пациенти со „Мој термин“ примаа само итни случаи. Иако здравствените власти сами си дадоа рок од една до две седмици, кога требаше да се формираат работните групи за решавање на проблемите, тоа не се случи, по што приватните лекари се одлучија на овој протест.

Амбулантите од приватните здравствени установи денес беа празни, пациентите ги немаше. Тие ги послушаа апелите на нивните матични да не доаѓаат без некоја итност на преглед.

Приватните лекари како итни проблеми, бараат да се почне да се разговара за режимот за препишување на лекови,за покачување на вредноста на капитацијата. Овој месец поради лошата состојба во приватното здравството три матични амбуланти во Велес ќе бидат предвреме затворени, бидејќи докторите решиле да заминат во пензија.

 

Петар Печков