Паничното купување храна и гориво е резултат на недовербата во авторитетите
Правењето залихи од неопходните продукти е резултат на потребата од стабилност, но треба да се верува на проверени информации и да се делува рационално. Паничното купување деновиве е резултат на недовербата во авторитетите, сметаат психолозите.

Редици во маркетите за храна, редици на бензинските станици за горива. И покрај информациите од страна на надлежните дека нема да има недостиг ниту на храна ниту на горива, граѓаните сепак прават резерви.
Колективните панични напади кои деновиве резултираат со компулсивно купување храна и гориво се резултат на губењето доверба во авторитетите, вели универзитетскиот професор Ана Чучкова
Луѓето прават залихи на храна за да имаат чувство на стабилност но во овој момент потребно е власта да излезе со совети и протоколи како да се однесуваме во време на криза
Долготрајната состојба на неизвесност во која живееме најсилно ќе се одрази кај младите, вели Чучкова. Границата на појава на панични напади и опсесивни стравови е сè пониска и веќе ја има и кај децата.
Славица Величковска
