Бо постигна 19 поени, но неговиот тим одново поразен

04.04.2014 12:04

Во кошарларската Евролига синоќа се одиграа три натпревари во Топ 16 фазата. Во “Е“ групата домаќините не дозволија изненадување, и го совладаа своите противници. Екипата на Лаборал во дуелот на последнопласираните оствари висока победа над Фенербахче Улкер со 95 : 73, благодарение на третата четвртина која ја доби со 31:16. Шестмина играчи впишаа двоцифрен број поени, а најдобар беше Германецот Тибор Плајс со 15 поени и 10 скокови како, за четврта победа на шпанскиот тим.

Во кошарларската Евролига синоќа се одиграа три натпревари во Топ 16 фазата. Во “Е“ групата домаќините не дозволија изненадување, и го совладаа своите противници. Екипата на Лаборал во дуелот на последнопласираните оствари висока победа над Фенербахче Улкер со 95 : 73, благодарение на третата четвртина која ја доби со 31:16. Шестмина играчи впишаа двоцифрен број поени, а најдобар беше Германецот Тибор Плајс со 15 поени и 10 скокови како, за четврта победа на шпанскиот тим. Кај турскиот тим кој го претрпе десеттиот пораз, убедливо најдобар поединец беше македонскиот репрезентативец Бо Мекелеб со 19 поени и 3 асистенции, и со 7 погодени од 11 обиди за два поена.

Во вториот меч, Панатинаикос ја победи Уникаха со 69 : 60 предводен од Димитрис Дијамантидис со 13 поени, 6 асистенции и 4 скокови, додека кај гостите најдобар беше Владимир Штимац со 12 поени. Во пресрет на натпреварот меѓу Анадолу Ефес и Олимпијакос кој се игра вечерва во Истанбул, на табелата води БАрселона со 12 победи и еден пораз, пред Емпорио Армани со скор од 10:3 кои веќе обезбедија четвтфинале, а на добар пат да го сторат тоа се и Грчките клубови Панатинаикос (7:6) и Олимпијакос (6:6).

Во “Ф“ групата Баерн Минхен загуби во драматичен финиш од Макаби со 92 : 94 каде што Малколм Дилејни постигна 17 поени, 10 асистенции и 7 скокови. Кај Израелците Тајрис Рајс беше најдобар во нападот со 18 поени, по што Макаби ја оствари осмата победа за зацврстување на третата позиција, зад лидерскиот тандем ЦСКА и Реал Мадрид. Вечерва се играат другите три средби, а двојките се ЦСКА – Галатасарај, Реал Мадрид – Локомотив и Партизан – Макаби.