Влада

Продолжува дијалогот за новата методологија за покачување на пензиите

04.03.2022 15:11

Според Владата, се очекува методологијата да ја одржи постигнатата стабилност на пензискиот фонд.

Продолжува дијалогот за предлог- новата методологија за покачување на пензиите. Премиерот Ковачевски, вицепремиерот Битиќи и министерката за труд и социјала Тренчевска попладнево на состанок со претставници на пензионерите.

Според Владата, се очекува методологијата да ја одржи постигнатата стабилност на пензискиот фонд. Создаваме систем според кој пензионерите ќе имаат сигурност, извесност и покачувањето на нивните пензии нема да зависи од нечија политичка волја или од тоа дали ќе има избори.

Носиме решение на долг рок, од што придобивка ќе имаат околу 330 илјади пензионери, велат од Владата.