МРТ

Што ќе гледате во понеделник во „Македонија наутро“?

04.03.2022 13:17

Комисија за заразни болести - Скринигот покажа дека 80% од населението во Македонија има имунитет против Ковид-19. Мерките треба да се отфрлаат, но тоа не смее да се направи наеднаш...

Комисија за заразни болести - Скринигот покажа дека 80% од населението во Македонија има имунитет против Ковид-19. Мерките треба да се отфрлаат, но тоа не смее да се направи наеднаш. Разговараме со проф. д-р Александар Петличковски, претседател на комисијата за заразни болести.

Ковид-19, епидемиолошката состојба во Куманово. На линк, нашиот дописник Елена Георгиевска.

Конечно, студетите по медицина добиваат нов учебник за предметот трансфузиона медицина. Автори на книгата се примариус д-р Ристо Дуковски, д-р Никола Камчев и д-р Гордана Камчева- Михаилова. Со еден од авторите на книгата, разговараше колешката Билјана Јанакиеска.

Засладувачите во исхраната – здрава опција или калориски вишок? Во Македонија наутро, гостува м-р Татјана Павлова, нутриционист.

Украинската криза влијае негативно и на земјоделството. По нафтата, поскапуваат и вештачките ѓубрива, кои се неопходни за квалитетно производство. Тоа е причина за загриженост кај земјоделците, особено кај помалите стопанства, кои стравуваат од притисокот од новонастаната ситуација.

Билтен на МВР за изминатиот викенд. Колегата Ване Маркоски, на линк со Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Изложба на олд-тајмери, со наслов „Елеганција во движење, на 4 тркала и на штикли“. Гости во Македонија наутро се претставници на Клуб Македонија.

„Патиштата на хероите“ - серијал 12 краткометражни филмови, ексклузивно на МТВ. Најава со гостување на Нина Николиќ, режисер.

„Македонија наутро“ почнува во 06:45. Гледајте нѐ!