Бегалска криза

Вонредна состојба во Чешка поради бегалците

04.03.2022 16:13

Вонредната состојба ќе трае 30 дена, а владата може да ја продолжи доколку е потребно. Чешките власти соопштија дека е воведена од технички причини, со цел земјата да се справи со бегалците како и дека тоа нема да влијае врз граѓаните на Чешка.

Соседите на Украина на удар на големата преселба на украинците. Во Чешка во сила стапи вонредна состојба поради големиот бран бегалци. Вонредната состојба ќе трае 30 дена, а владата може да ја продолжи доколку е потребно. Чешките власти соопштија дека е воведена од технички причини, со цел земјата да се справи со бегалците како и дека тоа нема да влијае врз граѓаните на Чешка.

Околу 800.000 бегалци веќе ја минале границата со Полска од почетокот на инвазијата врз Украина, а околу 100 илјади бегалци минале низ Варшава.

„Мислам дека Полска, полското општество и полската владина администрација се подготвени да примат голем број бегалци. Всушност има повеќе од оние кои сакаат да вдомат бегалци отколку што има бегалци во Полска“, изјави Игор Хорков, раководител на украинската асоцијација во Полска.

„Многу е важно целиот свет да се обедини. Украина е обединета. Украина се бори и ни треба помош. Светот им помага на бегалците, тие им помагаат на луѓето, но и на армијата треба да ѝ се помогне. Мораме да се бориме заедно затоа што ако оваа војна заврши со победа на Русија над Украина, нема да застане тука, Путин ќе оди натаму и затоа бараме поддршка за нашите воени сили.“

„На граница имаше многу странски студенти, сакаа да си ги спасат животите и да одат на безбедно место.“

„Во време на војна сме и нормално е дека луѓето се целосно уморни, исцрпени, не знаат каде се, не знаат каде да одат. Тие се изгубени. Тие веќе живееја во странска земја, тоа е Украина, а сега треба да избегаат во друга странска земја.“

Градоначалникот на украинскиот град Лавов го повика британскиот премиер Џонсон да ги згрижи украинските бегалци во лондонските куќи на руските олигарси.

Канадската влада се обидува да им олесни на украинските бегалци кои бегаат од руската инвазија. Земјата внесе промени во визната либерализација за да се олесни престојот на украинците.

Марина Ристова