Стадионите во Бразил нема да бидат завршени?
Генералниот секретар на ФИФА Џером Валке признава дека инфраструктурните простори за претстојното светско првенство во фудбал во Бразил нема да бидат завршени до неговиот почеток на 12 јуни. „Најкритичните“ точки се стадионите во Порто Алегре и во Сао Паоло кои што се сеуште во изградба со веројатност да не бидат финализирани.Работите на „Арена Коринтијанс“ во Сао Паоло на која што ќе биде изведен „почетниот мундијалски удар“ меѓу Бразил и Хрватска се стопирани поради смртта на еден од градежниците.

Добрата вест е скорешното официјално отворање на „Арена Пантанал“ во Куиаба. Поголемиот број од 44000 седишта се веќе поставени. Стадионот ќе биде инаугуриран со натпреварот меѓу екипите на Сантош и Микст.За оваа пригода 2000 влезници им се поделени на градителите на стадионот и на членовите на нивните семејства. До 26 април стадионот ќе ја добие завршната физиономија, а тоа е четири месеци подоцна од рокот поставен од ФИФА. Во Куиаба е предвидено да се одиграат четири натпревари од светското првенство.