Се очекува стабилизација на епидемиолошката ситуација
Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, активни се 2.871 случај од кои најголем број 1.546 се во Скопје...
Продолжува намалувањето на активни ковид случаи, надлежните очекуваат стабилизација на епидемиолошката ситуација во државата. Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, активни се 2.871 случај од кои најголем број 1.546 се во Скопје.
Од направени 2.365 тестови, регистрирани се 223 нови случаи на ковид-19, од кои 37 реинфекции, тројца починати и 174 оздравени пациенти.
Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 299.642, бројот на оздравени пациенти е 287.692, а на починати е 9.079.
Главниот координативен кризен штаб и владата треба да се произнесат околу препораката на Комисијата за заразни болести да се укинат сертификатите задолжителни за влез во моловите, како и околу препораката за укинување на задолжително поседување негативен ПЦР тест, потврда за прележаност или сертификат за вакцинација при излез од нашата држава, и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени.
