Дванаесетти ден од руската инвазија, најавени нови преговори
Русија најави отворање хуманитарни коридори во неколку градови за евакуација на цивилите. Украинската влада повика стотици илјади жители да ги напуштаат домовите. Ја обвини Москва дека подготвува сеопфатен напад на Киев. Во меѓувреме се чека третата рудна преговори најавена за попладне…

Дванаесетти ден од руската инвазија на Украина. По недела ипол, украинското раководство сака да евакуира стотици илјади луѓе од градовите во земјата. Стравувања предизвикува и гранатирањето на истражувачкиот реактор во Харков.
Русија прогласи примирје и најави отворање хуманитарни коридори за извлекување цивили од повеќе украински градови. Маршрутите се од Киев, Харков, Мариупол и Суми, околу кои се одвиваат значајни руски воени операции. Москва не објави колку ќе трае примирјето, но додаде дека коридорите се отвораат на барање на францускиот претседател Макрон, кој вчера телефонски разговараше со рускиот лидер кој го обвинил Киев дека не успеале да ги евакуира цивилите од Мариупол.
Руското министерство за одбрана соопшти дека цивилите ќе може да заминат во Русија и Белорусија и дека примирјето ќе се надгледува со дронови.
Изминатиот викенд имаше два неуспешни обида за примирје и за евакуација на цивилното население од Мариупол и Волноваха, но пропаднаа за кратко време, за што двете страни меѓусебно се обвинуваа.
Оперативниот штаб на регионалната воена управа на Одеса објави видео во кое тврди дека област во областа Одеса била подложена на ракетен напад од страна на Русија од морето. Според информациите, нема жртви, а проектилот ја погодил „критичната инфраструктура“ во Тузла, крајбрежно село на околу 110 километри југозападно од Одеса.
„За жал, не е многу мирна ноќ. Има информации дека непријателот извршил ракетен напад од морето во областа на населбата Тузла. Се проверуваат информациите за другите населени места кои се во близина. Нападот ги погоди објектите на критичната инфраструктура. Непријателот ќе биде казнет затоа што постои закон на народот и закон божји. Продолжуваме да ја браниме нашата родна земја“, изјави Сергеј Братчук, оперативен штаб на регионалната воена управа на Одеса.
Обединетите нации соопштија дека најмалку 364 цивили биле убиени во Украина од почетокот на инвазијата на 24-ти февруари, а 759 биле ранети. 503 од жртвите биле во регионите Доњецк и Луганск, а 374 жртви на територијата контролирана од владата.
Марина Ристова
