Свет

Во напад во близина на Дамаск убиени двајца цивили

07.03.2022 09:50

Израел истрела неколку ракети врз позиции на сириската армија..

Израел истрела неколку ракети врз позиции на сириската армија во близина на главниот град Дамаск. Најмалку двајца цивили загинаа.

Причинета е и материјална штета, соопшти сириското министерство за одбрана. Во соопштението се додава дека израелските воени авиони кои летале над територијата на соседен Либан истрелале ракети кон Сирија, а сириската противвоздушна одбрана соборила поголем дел од проектилите.

Израел претходно призна дека напаѓа бази на Хезболах кои се борат на страната на силите на сирискиот претседател Башар Ал Асад.