САД

Протести против Ковид-19 во Вашингтон

07.03.2022 10:05

Демонстрациите се дел од конвојот на слободата што почна од камионџиите во Канада кои со недели протестираа против барањата за задолжителна вакцинација...

Голема група возачи на камиони кои се противат на мерките против Ковид-19 синоќа протестираа околу Вашингтон. Намерно движејќи се бавно за да го успорат сообраќајот предизвикаа метеж на сообраќајниците.

Демонстрациите се дел од конвојот на слободата што почна од камионџиите во Канада кои со недели протестираа против барањата за задолжителна вакцинација.