Кожув и Лирија по два од два?
За отворање на второто суперлигашко коло во македонскиот кошаркарски шампионат, дуел на две непоразени екипи од воведот во оваа фаза од сезоната. Во Гевгелија Кожув ќе ја пречека Лирија.
Во досегашните две меѓусебни пресметки победуваше домаќинот, но во салата „26 Април“ беше резултатски тесно. На 19-ти февруари Кожув се радуваше со 88-82, а во Скопје Лирија славеше убедлива со 97-69.

Игор Пенов, кој има повреда на зглобот, е неизвесен за настап кај Кожув, а во составот на Лирија сите му се на располагање на тренерот Марјан Илиевски. Натпреварот е значаен и затоа што може да има пресудно влијание во трката за пласман во плеј-офот. Со оглед на квалитетот на екипите што учествуваат во Супер лигата, само Струмица е носител на аутсдајдерската ролја кога е во прашање местото меѓу четирите најдобри.
Камерите на Македонската телевизија се во Гевгелија, преносот од натпреварот Кожув -Лирија е од 17 и 30 на Првиот канал.
Другите два меча од второто коло се закажани за утре Куманово ќе го пречека МЗТ Скопје Аеродром, а Работнички е фаворит во „Градски парк“ против Струмица.