Македонија

Ковачевски ќе се сретне со здруженијата на пензионерите

07.03.2022 10:26

Премиерот Ковачевски ќе се сретне со Сојузот на здруженијата на пензионерите...

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се сретне со претседателката на Сојузот на здруженија на пензионерите Станка Трајкова. На средбата, како што е најавено, ќе присуствуваат и членовите во Сојузот на здруженијата на пензионерите.

Владата го прифати предлогот за воведување нова методологија за порастот на пензиите врз основа на таканаречена швајцарска формула, односно учество на 50 насто за зголемување на трошоците за живот и 50 насто за учество на порастот на минималната плата и за дополнителна финансиска помош за пензионерите од по 1.000 денари за април, мај и јуни.