Култура

„Госпоѓиците од Авињон“ во МОБ

07.03.2022 12:35

Текстот инспиративен, сликата претворена во нова балетска приказна, а во неа секоја жена може да се препознае..

Од Пикасовата слика „Госпоѓиците од Авињон“ насликана во 1907 година, до импозантно балетско дело. Сашо Димовски ја создал содржината, Калиопи музиката. Е и сето вешто доловено од окото на кореографката Олга Панго. Приказна за петте жени.

Текстот инспиративен, сликата претворена во нова балетска приказна, а во неа секоја жена може да се препознае.

Потрагата по љубовта и слободата, преку ритамот и вештата изведба на уметниците, одиграна од најдоброто во националниот балет, а во тимот и Саша Ефтимова и Александра Мијалкова.

За претставата „Госпоѓиците од Авињон“ уметниците велат дека публиката ќе најде емотивно препознавање со судбините на овие пет жени кои биле инспирацијата на Пикасо, а истовремено ја почувствувале неговата уметност.

Александра Спировска