Министерството за финансии исплати повисоки мартовски пензии

04.04.2014 12:23

Исплатата на пензиите се одвива и ќе продолжи да се одвива редовно првата недела во месецот...

Повисоки мартовски пензии добија пензионерите. На сметките на 285.637 пензионери префрлени се 3 милијарди 566 милиони денари, соопштија денеска од Министерството за финансии.  
 
Минатиот месец пензиите беа покачени за 600 денари. Со тоа просечната пензија е зголемена за 62 проценти во однос на 2006 година и сега изнесува 12.450 денари.
 
Исплатата на пензиите се одвива и ќе продолжи да се одвива редовно првата недела во месецот. Поддршката на животниот стандард на пензионерите и социјалните категории останува приоритет на оваа Влада.