МНР

Османи: Објавата на руската амбасада е класична закана

07.03.2022 14:10

Македонија на листата странски земји што преземаат непријателски дејствија кон Русија...

Македонија се најде на листата странски земји што преземаат непријателски дејствија кон Русија објавена од официјална Москва. Државите наметнаа санкции или се приклучија кон рестрикциите по инвазијата на Украина, се вели во соопштението на руската влада. Руската амбасада пак, предупреди на високо ниво на русофобија.

Министерот за надворешни работи Османи ја нарече „класична закана“ објавата на руската амбасада дека ги следи и документира активностите против Руската федерација. Шефот на дипломатијата Османи рече дека владата ќе одлучува како ќе реагира.

„Во текот на денешниот ден ќе одржиме координативен состанок за да заземеме став околу оваа објава на руската амбасада која е класична закана“, рече Османи на денешниот брифинг со новинарите.