Рапиден пад на новоинфицирани со корона вирус
Кривата добива надолен тек, последниот пик кога се заразија учениците од основните училишта, вели епидемиологот Олумчев.

Последните десетина дена има рапиден пат на новоинфицирани со корона вирус. Кривата добива надолен тек, последниот пик кога се заразија учениците од основните училишта, вели епидемиологот Олумчев. Додава дека кај средношколците е можна реинфекција, но нема место за паника, Oмикрон сојот е доминантен.
Според првичните информации од комисијата за заразни болести, скринингот на антителата ќе покаже висок процент на население со имунитет. Со тоа ќе влеземе во група на земји со висок колективен имунитет.
Епидемиологот Олумчев, предлага сертификатите да се укинат. Вели од нив нема никаква полза, само создадоа револт кон вакцинацијата, која како процес кој мора да продолжи. Имунизацијата в им помогна на многу лица со послаб имунитет полесно да ја поминат инфекцијата со Ковид – 19. Од Министерството за здравство информираат дека во рамките на широката кампања за имунизација за заштита на ризичното население од тешка форма на Ковид-19, за два дена се вакцинирани над 1.500 лица, со прва и трета доза.
Наташа Ј. Менковски
