Средношколци од Општина Илинден ќе одат на пракса во Џонсон Мети

04.04.2014 12:32

Успешната соработка со бизнис секторот е дел од стратегијата на Општина Илинден за намалување на невработеноста...

Ученици од средното училиште во Илинден ќе посетуваат практична настава во компанијата Џонсон Мети во индустриската зона Бунарџик. Ова го овозможува потпишаниот Меморандум меѓу Општината Илинден и компанијата.
 
Со потпишувањето на овој меморандум, Општина Илинден воведува иновативен пристап во образованието, со цел збогатување на знаењата на учениците преку практична настава и обука, ја проширува соработката со локалниот бизнис сектор на полето на образованието, како една од најважните области за развој и фактор на модерен раст.
 
Вакви меморандуми за соработка со кои се овозможува подигнување на нормите, вредностите и стандардите во образованието, како и подобрување на квалитетот и ефикасноста на стручното образование во средното стручно училиште „Илинден“, Општината веќе потпиша со компаниите МЕПСО, Џонсон Контролс и Ван Хол.
 
Успешната соработка со бизнис секторот е дел од стратегијата на Општина Илинден за намалување на невработеноста, што е еден од приоритетите поради кој и се воведе средно образование кое што профилира кадри според потребите на локалната бизнис заедница.