Нови 124 случаи со Ковид-19, починати седум лица
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.766, бројот на оздравени пациенти е 288.235, на починати е 9.086 а бројот на активни случаи изнесува 2.445.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1.209 тестови, а регистрирани се 124 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 98, Кавадарци – 7, Прилеп – 6, Охрид – 3, Штип и Дебар – по 2, Куманово , Тетово , Струмица, Кичево , Струга и Гевгелија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции. Регистрирани сe 543 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: две починати лица од Скопје (36г и 74г) и едно починато лице од Тетово (60г), Битола (67г), Прилеп (70г) ,Кочани (70г) и Пробиштип (67г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица, кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.766, бројот на оздравени пациенти е 288.235, на починати е 9.086 а бројот на активни случаи изнесува 2.445.
Досега во земјата се направени вкупно 1.908.017 тестирања на Ковид-19
