Мојсовска: Земјоделците да го остварат правото за родителско отсуство и боледување
Анализа за наоѓање правен механизам за остварување на правото за користење на платено родителско отсуство и боледување за регистрираните земјоделци. Министерот за земјоделство николовски најави продолжување на заложбите, жените земјоделки од земјава да го добијат заслуженото место во општеството...

Моите деца ги оставав од бебиња дома за да можам да работам на поле. Замислете како им е е на оние мајки кои треба да да остваат еднонеделни бебиња дома за да можат да работат, а немаат право на боледување, вели претседателката на Националната федерација на фармери Васка Мојсовска.
Бара да се направат измени во Законот за здравствено осигурување, земјоделците да го остварат правото за родителско отсуство и боледување. Вели, вака ќе се зголеми и бројот на регистрирани жени- земјоделки.
Од Владата со став- ќе се донесе нова програма за рурален развој, ќе се зголеми поддршката за руралната жена од три на шест илјади евра.
Според официјалната статистика, во просек 45 отсто од вкупниот број вработени во државата се вработени во руралните средини. Од нив 19 проценти се самовработени, а 12 отсто е неплатен семеен труд.
Ана Јосифоска Тодоровска
