МРТ

Што ќе гледате утре во „Македонија наутро“?

07.03.2022 13:17

Сведоци сме дека жените во работниот свет стојат рамо до рамо со мажите. Разговараме со жена во „машка“ професија, како таа се снаоѓа со секојдневните предизвици...

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената, денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Од иницијативата која започнува во почетокот на 20 тиот век до денеска кога повод 8- ми март сме опколени со специјални понуди на производи и услуги како предлог подарок за жените. Се наметнува прашањето дали го извулгаризиравме празникот? Разговараме на оваа тема со професор Татјана Алексиќ.

Сведоци сме дека жените во работниот свет стојат рамо до рамо со мажите. Разговараме со жена во „машка“ професија, како таа се снаоѓа со секојдневните предизвици.

На тема руско- украинска криза, анализираме со професорот Васко Наумовски, поранешен амбасадор на Македонија во САД. Охрабрувачки ли се рундата преговори, ветуваат ли дека на маса ќе седнат Зеленски и Путин и што реално може да очекуваме во нареден период?

Гледајте нѐ започнуваме во 6 часот и 45 минути.