Модернизирање на македонски железници

04.04.2014 12:37

Maкедонски железници-инфраструктура подготвува два нови проекти, кои ќе сеспроведат по должината на Коридорот 10 од Табановци до Гевгелија. Првиот е за Систем радио диспечер, а придобивката од овој проект е во зголемување на безбедноста во железничкиот сообраќај, што се остварува на тој начин да постои целосна покриеност со мобилна телефонска врска помеѓу моторовозачот и диспечерскиот центар во просторот и времето.

Maкедонски железници-инфраструктура подготвува два нови проекти, кои ќе сеспроведат по должината на Коридорот 10 од Табановци до Гевгелија. Првиот е за Систем радио диспечер, а придобивката од овој проект е во зголемување на безбедноста во железничкиот сообраќај, што се остварува на тој начин да постои целосна покриеност со мобилна телефонска врска помеѓу моторовозачот и диспечерскиот центар во просторот и времето. Се предвидува техничката документација да се изработи во 2014година а реализацијата напроектот е предвиден во 2015 и 2016 година.Вториот е Систем за контрола на брзината на возот и придобивката е во автоматска регулација на брзината на возот , што во краен случај значи  целосна искористеност во процесот на возењето и можност за примена на автоматско кочење при поминување на возот на црвен сигнал. И овој проект ќе биде завршен за две години.