Анкета на ИРИ: ВМРО-ДПМНЕ со предност пред СДСМ
Според истражувањето, ВМРО-ДПМНЕ има поддршка кај 20 проценти од граѓаните, а СДСМ - 17. Следуваат ДУИ со 7 насто, па Алијанса за Албанците, Левица и Беса.

Ако утре се одржат предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ влегува со предност пред СДСМ, покажува последната објавена анкета на Американскиот Републикански институт - ИРИ.
Според истражувањето, ВМРО-ДПМНЕ има поддршка кај 20 проценти од граѓаните, а СДСМ - 17. Следуваат ДУИ со 7 насто, па Алијанса за Албанците, Левица и Беса.
Истражувањето било спроведено во име на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од Брима во периодот од 27-ми ноември до 23-ти декември 2021-ва, преку интервјуа лице-в-лице во домовите на испитаниците.
Анкетирани се 1.226 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Маргината на грешка е ± 2.8 поени на ниво на доверба од 95%.
