Повисоки цени на горивата од полноќ

Бензините поскапи за 5,5 денари, дизелот за 10

07.03.2022 19:13

Еуросупер БС-95 ќе изнесува 89,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 91,50 денари за литар. Цената на Еуродизелот ќе изнесува 85,50 денари. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 9 денари и ќе изнесува 83,5 денари...

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 10,21%. Цените на бензините се зголемуваат за 5,5 денари/литар, дизелот за 10 денари.

Еуросупер БС-95 ќе изнесува 89,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 91,50 денари за литар. Цената на Еуродизелот ќе изнесува 85,50 денари. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 9 денари и ќе изнесува 83,5 денари. Цена на мазутот се зголемува за 6,149 денари за килограм и ќе изнесува 54,319 денари за килограм.

Според Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на горивата се зголемуваат како резултат на повисоките цени на светските берзи и движењето на курсот на денарот во однос на доларот.