Ветеринарство

Ветеринарите бараат помал данок

08.03.2022 07:52

По намалувањето на ДДВ-то од 18 на 5 проценти за ветеринарните лекови, ветеринарите бараат намалување на данокот и за нивните услуги. Сметаат дека ќе имаат помали трошоци, ќе бидат поконкурентни и ќе можат да ја надминат, како што велат, сегашната загрижувачка состојба во која се наоѓа оваа дејност.

Ветеринарите подолго време бараат данокот за додадена вредност за нивните услуги да се намали од 18 на 5 проценти.

Според анализите на Ветеринарната комора, намалувањето би имало незначително влијание на вкупните приходи во државниот буџет, но големи позитивни ефекти за здравствената заштита на животните и во сточарството.

Сметаат дека на овој начин ќе се намалат цените и преголемите обврските за дел од ветеринарните друштва, а ќе се стимулираат инвестициите во опрема, технологии и едукација.

На состанок со агенцијата за храна е договорено соработка со Комората да продолжи и со реализација на концептот „Едно здравје“, вклучувајќи ја и иницијативата за намалување на ДДВ-то за ветеринарните услуги, за поголема конкурентноста на друштвата.

За предлогот за зголемување на цените за активности од јавен интерес за кои друштвата имаат договори со АХВ, утврдена е потребата од методологија за следење на движењата на пазарот која ќе биде основа за нивна корекција, за што ќе треба да се направи соодветна буџетска измена.

Методија Трајков