Македонија

Владата се советуваше за актуелната економска состојба

08.03.2022 09:05

Актуелната економска состојба во време на воената состојба во Украина, сериозните ризици и последици, нејзиното влијание и врз енергетската криза – во фокусот на состанокот во владата со членовите на Eкономскиот совет..

Актуелната економска состојба во време на воената состојба во Украина, сериозните ризици и последици, нејзиното влијание и врз енергетската криза – во фокусот на состанокот во владата со членовите на Eкономскиот совет. Учествуваа претставници од академијата, гувернерката на Народната банка, претставници на стопанските комори, на поголемите компании, на синдикалните организации, експерти од економскиот и финансискиот сектор.

Според владината пресслужба на советот била потврдена заложбата и важноста од носење на мерки за поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза.

Биле разменети мислења, сугестии, предлози околу потребните мерки што како државна помош треба да бидат земени предвид при креирањето на политиките за ублажување на последиците од најдлабоката криза во современата историја.

Во тек е подготовка на анализата и можните нови мерки кои треба да се најдат во најскоро време на владина седница. На состанокот се разговарало и за таргетирани мерки со буџетска поддршка за стопанството со цел задржување на ликвидноста и работните места и за мерки за ранливите категории за ублажување на ценовните шокови, соопштуваат од Владата.