Жените го слават 8- ми Март, рамноправноста сè уште декларативна
Се започнало кога жените вработени во индустријата за облека и текстил јавно демонстрираа на 8 март 1857 година во Њујорк поради лошите услови за работа и ниските плати...

Секој 8-ми март ширум светот, на Меѓународниот ден на жената, се слави женската борба за економски, политички и социјални права.
Се започнало кога жените вработени во индустријата за облека и текстил јавно демонстрираа на 8 март 1857 година во Њујорк поради лошите услови за работа и ниските плати. Демонстрациите биле растерани од полицијата. Тие жени формирале синдикат два месеци подоцна. Протестите продолжиле и во следните години, од кои најпознат бил во 1908 година, кога 15.000 жени марширале низ Њујорк во потрага по пократко работно време, подобри плати и демократско право на глас и за жените.
Првиот Национален ден на жената бил одбележан на 28 февруари 1909 година во Соединетите Држави по декларацијата издадена од Социјалистичката партија на Америка.
Денеска под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“ во Скопје по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март ќе се одржи шестиот Марш за женски права, со кој жените упатуваат порака дека и покрај тоа што се еднаква половина од населението во државата, сè уште не уживаат еднакви права.
