Ковид-19 ја губи силата, намален е бројот на заразени лица
Бројот на новозаразени со Ковид-19 изминатата недела е намален за нешто над 32% ...

Бројот на новозаразени со Ковид-19 изминатата недела е намален за нешто над 32% . Според извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 28-ми февруари до 6-ти март се пријавени 372 реинфекции, што е намалување за 31,5 % во однос на претходната недела.
Пријавени се 44 смртни случаи или за 35% помалку во однос на претходната недела.
Владата треба да донесе конечна одлука по препораките на Комисијата за заразни болести и Главниот кризен штаб за важноста на сертификатите на прележаните до 180 дена, за враќање на бремените жени на работа и на студентите со физичко присуство, за излез од државава без сертификат и за нивно укинување во трговските центри. Комисијата за заразни болести се очекува утре да расправа за задолжителното носење маски.
