Во Желино украден накит во вредност од 19.500 евра
04.04.2014 12:45
Полицијата извршила увид и трага по сторителот...

Голема количина разновиден златен накит се украдени од куќата на Ј.Б. во тетовското село Желино, соопшти МВР.
Крадецот влегол преку прозорецот од подрумот и по пребарувањето во куќата, во која немало никој, го украл златото и еден сигнален гасен пиштол кој сопственикот го поседувал со дозвола.
Вкупната материјална штета е проценета на околу 19.500 еврa. Полицијата извршила увид и трага по сторителот.
