Македонија

Министерството за надворешни работи ги утврди предлозите за кандидати за амбасадори

08.03.2022 12:18

Агнеса Руси Поповска е предложена за вонреден и ополномоштен амбасадор во Бугарија, Агрон Буџаку во Канада и Љубомир Данаилов Фрчкоски за амбасадор во Обединетите Нации..

По добиените агремани и потпишаниот указ од претседателот Пендаровски, утврдени предлозите за тројца македонски амбасадори. Агнеса Руси Поповска е предложена за вонреден и ополномоштен амбасадор во Бугарија, Агрон Буџаку во Канада и Љубомир Данаилов Фрчкоски за амбасадор во Обединетите Нации.

Со ова, бројот на пополнети места-амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на мандатот на Бујар Османи се зголеми на 24, велат од МНР.

Именувањето на поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи Фрчкоски за амбасадор во седиштето на обединетите нации во Њујорк предизвика најмногу критики од опозицијата. Пендаровски минатата недела го потпиша указот со кој го назначи Фрчкоски и покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше работата на Собраниската Комисија за надворешни работи, каде што професорот требаше да ги презентира своите тези за позицијата.