Сообраќај

„Намали ја брзината, зголеми ја сообраќајната култура“

08.03.2022 13:29

„Намали ја брзината, зголеми ја сообраќајната култура“, во чест на денешниот ден, МВР и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот со подигнување на свеста за безбеден сообраќај.

Денес летањето е мојата секојдневна работа, од најраното детство ми претставуваше сон и предизвик, раскажува Катерина Кајсторовска, жена-пилот. Вели дека оваа професија бара многу откажувања и баш тоа е причината што мал број жени се одлучуваат за неа.

Љупка Анастасовска работи на бензиска пумпа. Нема предрасуди. Вели дека се чувствува рамноправно со своите колеги.

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата велат дека за жал, сè уште постојат одредени суптилни форми на стереотипи за тоа дека жените се лоши и небезбедни возачи.

Апелот до жените возачи е-вашиот личен пример и личниот придонес нека биде првиот чекор кон издигнување на безбедноста на сообраќајот на повисоко ниво. Возете одговорно и безбедно, за вас и за вашите најблиски.

Според статистичките податоци, жените зад воланот се многу поодговорни од мажите. Сепак многу е поголем бројот на жени што користат мобилен телефон додека возат.

Ана Ј. Тодоровска