„Сиромаштијата има женско лице“ - Марш за женските права
Негирање на женските права, дискриминација и насилство, помало учество во политиката и на раководните функции, помали плати за исти работни места, се дел од работите со кои и денес сè уште се соочуваат жените.

За 8 март наместо подарок „свет без предрасуди, дискриминација и стереотипи, во кој се ценат различностите. Свет кој ја слави родовата рамноправност“, порака испратена од македонските жени од традиционалниот осмомартовски марш-„сиромаштијата има женско лице“. Жените се борат за еднаква положба во општеството и заштита од семејно насилство. Велат, конечно да се стави крај на ограничените можности за вработување.
Жените маршираа, мажите купуваа цвеќе и подароци. Велат во ова модерно време, жените се рамноправни со мажите и уживаат исти привилегии.
И од Обединетите нации порачаа-повеќе жени лидерки. Тие може да ги поттикнат земјите да се справат со климатската криза, да развијат зелени работни места и да изградат поправеден и одржлив свет.
Александра Спировска
