Партии

ВМРО-ДПМНЕ бара намалување на акцизата

08.03.2022 14:35

ВМРО-ДПМНЕ бара итно намалување на акцизата за нафтените деривати за 50 проценти, ДДВ-то за производите за исхрана и топлинска енергија, односно парното да биде со 0 процент. Дополнително, партијата бара ДДВ-то за струјата да остане на сегашните 5 насто. Владата постојано презема мерки и политики што значат заштита и унапредување на животниот стандард на сите категории граѓани-велат од СДСМ. Според партијата, се соочуваме со енергетска и здравствена криза и владата, час поскоро ќе излезе со конкретни мерки.

Најновото покачување на цените на горивата е жесток социјален удар врз граѓаните, а Владата поради неспособноста и силната корумпираност не успеа тоа да го спречи, сметаат во опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во партијата бараат итно да се прифати мерката за намалување на акцизата кај горивата за 50% и да се намали ДДВ за прехранбените производи и за парното греење.

Владата покажа дека успешно справување со економската и енергетската криза, велат социјалдемократите. Појаснуваат – наскоро владата ќе предложи конкретни пакет мерки за заштита на стандардот на граѓаните и за ублажување на негативните последици по растот на цените.

Опозицијата досега во парламентот предложи закони за намалување на даноците на граѓаните и за раст на платите и пензиите, но како што велат, досега парламентарното мнозинство без аргументи ги одбиваше. 

Игор Панов