Јанкулоска: Изборната кампања се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера
Досегашната претседателска изборна кампања, според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера...

Се е подготвено за претстојните парламентарни избори, велат од МВР. Полицискиот оперативен штаб се грижи за безбедноста и е спремен да спречи евентуални изборни нерегуларности.
Досегашната претседателска изборна кампања, според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера.
„Беа одржани 67 митинзи, 33 средби со граѓани. На овие настани нашата проценка е дека учествувале околу 115.000 граѓани и за потребите за нивно обезбедување беа ангажирани 800 полициски службеници. Настаните поминаа во најдобар ред, немаше нарушување на јавниот ред и мир. немаше инциденти поврзани со претседателската кампања, што значи дека нашата проценка е дека овој предизборен период се одвива мирно. Кампањата тече во фер и демократска атмосфера“, нагласи Јануколоска.
