Се намалува бројот на заразени со Ковид-19
Според извештајот на Институтот за јавно здравје, во периодот од 28-ми февруари до 6-ти март се пријавени 372 реинфекции, што е намалување за 31,5 насто во однос на претходната недела. Пријавени се 44 смртни случаи, или за 35 проценти помалку во однос на претходната недела.

Во изминатото деноноќие од направени 2.557 тестa, регистрирани се 340 нови случаи на Ковид-19. Починале 11 лица, двајца во последните 24-часа, а останатите во периодот од 16-ти февруари до 4-ти март. Кај осум лица се регистрирани коморбидитети. Бројот на новозаразени со Ковид-19 изминатата недела е намален за нешто над 32 процента.
Според извештајот на Институтот за јавно здравје, во периодот од 28-ми февруари до 6-ти март се пријавени 372 реинфекции, што е намалување за 31,5 насто во однос на претходната недела. Пријавени се 44 смртни случаи, или за 35 проценти помалку во однос на претходната недела.
Владата треба да донесе конечна одлука по препораките на Комисијата за заразни болести и Главниот кризен штаб за важноста на сертификитатите на прележаните до 180 дена, за враќање на бремените жени на работа и на студентите со физичко присуство, за излез од државава без сертификат и за нивно укинување во трговските центри.
Комисијата за заштита од заразни болести се очекува утре да расправа за задолжителното носење маски.
