МНР
Назначени тројца нови амбасадори
08.03.2022 16:20
Со ова, бројот на пополнети места- амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, се зголеми на 24.

Агнеса Руси- Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор во Бугарија, Агрон Буџаку во Канада и Љубомир Данаилов Фрчкоски во Обединетите Нации - по добиените агремани и потпишаниот указ од претседателот Пендаровски, утврдени предлозите за тројца македонски амбасадори.
Со ова, бројот на пополнети места- амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, се зголеми на 24.
Процесот на пополнување на испразнетите амбасадорски места ќе продолжи да биде еден од врвните приоритети на Министерството за надворешни работи, вели министерот за надворешни, Бујар Османи.
