Македонија
Вооружени лица ограбиле банка во центарот на Скопје
08.03.2022 16:26
Информацијата ја потврди и МВР. Оттаму велат дека во 12 часот и 35 минути е пријавено дека од експозитура на банка, биле одземени пари откако тројца со оружје влегле во неа.

Попладнево, ограбена експозитура на банка во центарот на Скопје. Вооружени лица одзеле пари од вработените. Едно од нив, отворило и оган.
Информацијата ја потврди и МВР. Оттаму велат дека во 12 часот и 35 минути е пријавено дека од експозитура на банка, биле одземени пари откако тројца со оружје влегле во неа.
Во близина до местото бил испукан куршум. Нема повредени. Се трага по ограбувачите.
