Македонија

Владата крои сет мерки за ублажување на енергетската и економската криза

08.03.2022 16:40

Владата подготвува мерки за поддршка за стопанството и за ранливите категории, за ублажување на ценовните шокови. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека покачувањето на цените на горивата е социјален удар врз граѓаните, а Владата нема способност да го спречи тоа. СДСМ со одговор-владата покажа дека успешно се справува со предизвиците на пандемијата и со последиците на економската и енергетската криза…

Владата крои сет мерки во вид на државна помош кои треба да ги ублажат последиците од енергетската и економската криза. Засега сè уште се анализира какви ќе бидат мерките и кој ќе биде опфатен со нив, и тие треба да се најдат на владина седница.

На состанокот на Економскиот совет, како што беше соопштено, се разговарало и за буџетска поддршка за стопанството со цел задржување на ликвидноста на работните места за ранливите категории, за ублажување на ценовните шокови.

Партиите со различен став. За владејачката СДСМ, Владата со низа мерки успеала да превенира посериозни штети од економската криза, додека за ВМРО-ДПМНЕ растот на цената на горивата е како што велат, жесток социјален удар врз граѓаните и бараат Владата да го прифати предлогот за 50 проценти да се намали цената на акцизата.

Владата денеска одржа две тематски седници, а во тек е редовната.

Викторија Милевска