Македонија

Голем дел од жените од југозападниот регион не си ги знаат основните права

08.03.2022 16:50

Жената во југозападниот регион во земјава сè уште го нема заслуженото место во општеството, покажуваат анализите на невладините организации. Таму досега немало ниту една жена градоначалник …

Голем дел од жените не си ги знаат основните права, немаат лични документи, често се потчинети, обесправени и омаловажувани. Ова се резултатите од анализата која на НВО „Инклузија“ во Југозападниот регион во земјава. Најкритично е во руралните средини со албанска етничка заедница.

Жената мисли дека местото и е во кујната, а неретко е жртва и на семејно насилство, кое се премолчува.

„Голем дел од нив припаѓаат на оние групи, кои се непрепознаени во системот. Најголем дел од нив се соочуваат немаат лични документи, се соочуваат со ниско образование, кај нив сè уште преовладува мислењето дека местото на жената е во кујната и таа не може да придонесе на никаков друг начин освен во семејството“, вели Весна Цвтаноска од НВО „Инклузија“.

И по повеќе од еден век поголем процент од жените се невработени и сè уште има машки професии. Многу треба да се работи на полето на родовата еднаквост, бидејќи жените го немаат заслуженото место, сметаат активистите.

„Како жени сè уште не се чувствуваме доволно сигурни дека можеме како авторитети да влијаеме повеќе во прилог на промената на политиките. Иако како општествено одговорни личности сепак сме длабоко застапени кога станува збор за политиката. Меѓутоа сè уште во овој Западен дел од Македонија сè уште живееме во патријархат каде повеќе се слуша машкиот отколку женскиот глас“, додава Цветаноска.

Во Југозападниот регион во земјава досега немало ниту една жена градоначалник. Чекор напред е нејзината позиција како претседавач на Совет во одделни општини.

Соња Рилковска